Кубањ во 2013 година ќе обезбеди бесплатно млеко за сите ученици

Учениците почнаа да добиваат бесплатно млеко.

Краснодарскиот крај во 2013 година планира да издели 352 милиона рубљи (околу 535 милиони денари) за реализација на програмата „Школско млеко“, во чии рамки учениците  во градот Кубањ ќе добијат бесплатно млеко, соопшти министерот за земјоделие и преработувачка индустрија на регионот.

Учениците од Кубањскиот регион почнаа да добиваат бесплатно млеко од 12 ноември 2012 година, благодарејќи на програмата која е започната од страна на главата на регионот, Александар Ткачев. За оваа цел, годинава од овој руски крај се издвоени 33 милиони рубљи (околу 50 милиони денари). 

„Во моментот програмата работи во тест-режим. Но од почетокот на следната година треба истата да се реализира во сите школи на Краснодарскиот крај. И ние сметаме на нашите производители“, - се кажа во соопштението на вице-губернаторот и министер за земјоделие и преработувачка индустрија на регионот, Едвард Кутигин. Во министерството за земјоделие на регионот изјавија дека е неопходно да се надгради и прошири продукцијата на млеко во регионот за да се задоволат новите потреби. „Раководителите на најголемите претпријатија за преработка на млеко покажаа спремност за поддршка на програмата...“, - се кажува во соопштението.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.