Демографската политика на Русија дава резултати

Путин констатира дека мерките за демографска стимулација даваат резултати.

Демографската политика во Русија дава резултати и таа ќе продолжи. Но тоа не е резултат само на мерките од оваа политика, туку тоа е резултат и на сеопштото подигање на квалитетот на живот во Русија, констатираше Путин на денешната прес-конференција.

Покрај директната поддршка на мајките, постои и цела програма за поддршка на жени кои ќе се решат за второ и трето дете, додаде тој.

„Од следната година ќе стартува и специјална програма за поддршка на семејствата во региони со негативен демографски тренд“, рече Путин.

Тој, како што рече, е особено горд што се подобрил наталитетот - најдобар за последните 20 години. „Тоа кажува дека кај луѓето се раѓа чувство на надеж во однос на тоа што ние го работиме“, додаде Путин на денешната голема прес конференција.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.