Кремљ го очекува Обама во Москва во првата половина на 2013 година

Се подготвува посета на Обама во Русија.

Кремљ очекува американскиот претседател Барак Обама да ја посети Русија во првата половина на 2013 година, изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател. "Очекуваме дека посетата може да се случи во првата половина на следната година", изјави Ушаков на прес-конференцијата во Москва.

Тој потсети дека при честитките за реизборот на Обама, рускиот претседател Владимир Путин го повторил својот повик до него да дојде во Русија. „Станува збор за посета во целосен обем и ние единствено треба да избереме соодветно време за тоа. Таа посета можеби не треба да се одолговлекува предолго", рече тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња