Ќе зборуваме на 278 јазици

Руската култура е микс од многу текови и традиции. Таа не може да биде разделена без да се урне културното наследство на земјата. Извор: Alamy/ Legion Media.

Руската култура е микс од многу текови и традиции. Таа не може да биде разделена без да се урне културното наследство на земјата. Извор: Alamy/ Legion Media.

Идната стратегија на националната политика беше тема за дискусија во кругот на членовите на Јавниот комитет на Русија и на Советот на јавни комитети.

Досега националната политика на Русија се базираше на стратегија, која беше донесена во 1996 година. За 16 години настанаа големи промени во државата и во општеството, како и во сферата на меѓунационалните односи. И според тврдењата на специјалистите денес се надживеани. А, за една земја во која граѓаните зборуваат на 278 јазици и на чија територија живеат претставници на 193 етнички заедници со карактеристична материјална и духовна култура, ова е неприфатливо. 

Новата стратегија на државната национална политика е подготвена од работните групи на Советот за меѓунационални прашања при претседателот на Русија, а во подготовката на документот активно е вклучена и целата јавност: во сите региони на земјата се спроведени голем број „тркалезни маси“, конференции, брифинзи, по што сите предлози и забелешки се испратени до работната група. 

Меѓу основните приоритети при подготовката на документот, како најважен е посочен откажувањето од политизирањето на националното прашање и акцентирање на културата на секој народ во државата, запазување на исконските етноси и единство на народите на Русија. 

Една од најжешките теми беше спречувањето на етничките конфликти, како и проблемот со имигрантите, нивното адаптирање и интеграција. Најважен дел од стратегијата на државната национална политика на Русија, според учесниците на дискусијата, е целосното деполитизирање на прашањето за етносот и концентрирање врз развојот на етничката и културна разноликост.

Еден од основните моменти во новата стратегија е јакнењето на граѓанското единство, при што подготвувачите на документот предлагаат под нација и држава да се подразбира не националната држава, туку мултиетничка државна цивилизација.

Културата ни е уникатна

 

Валериј Тишков

директор на институтот по етнологија 

На прво место не треба да заборавиме на сопственото руско искуство и да го примениме. Што се однесува до искуството на останатиот свет, од него треба пред сè да ја земеме самата идеја за тоа дека нацијата не претставува мултикултурна заедница од луѓе, туку мултиетничко, мултиконфесинално единство, зашто не можеме да ја поделиме руската култура на чеченска, руска, еврејска, мордовска итн. Единствената историја и култура е фундамент на кој почива секоја нација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња