Западот ја снабдува Грузија со оружје и воена опрема. По тој повод, руското Министерство за одбрана ја истакна својата загриженост за ваквата состојба, која ја според зборовите на рускиот Заменик-министер за одбрана е „опасно.“
"Секогаш укажуваме на ваквата состојба на ре-милитаризација на Грузија. Ова прашање го покренуваме секогаш, во сите билатерални средби со западните партнери, како и на меѓународни средби и форуми“, рече Заменик-министерот за одбрана на РФ, Анатолиј Антонов на прес-конференцијата во Москва во понеделникот.
Тој подвлече дека и рускиот Министер за одбрана и рускиот Генералштаб, во бројни наврати ја потенцирале опасноста од снабдување на Грузија со оружје.
На прес-конференцијата, заменик Министерот Антонов им пренесе на новинарите дека руското Министерство за одбрана сега има воено-техничка соработка со 76 странски земји и дека во последните пет години, во оваа сфера се потпишани 35 договори.
Исто така, Антонов посочи дека на руските воени академии, моментално учат 5.800 студенти, од кои 90% бесплатно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче