Руските дипломати прават сѐ за да дојдат до детали околу киднапирањето на двајца граѓани на Русија во Сирија, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Ние сега активно се занимаваме со тоа. Сите неопходни чекори веќе се преземаат“, - изјави Лавров.
Двајца граѓани на Руската Федерација, кои работат во една од приватните компании, биле киднапирани на патот Тартус - Хомс, недалеку од Латакија.
Околностите околу киднапирањето се испитуваат. Киднаперите веќе побараа откуп како услов за ослободување.
Еден од руските граѓани го нема во конзуларниот регистар, а вториот има двојно, сириско-руско државјанство. Стана јасно дека нив ги киднапирале пред неколку дена, но полицијата не брзала да го соопшти ова во медиумите за да не влијае тоа врз истрагата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче