Русија постигна рекорд во извозот на оружје

Русија во 2012 година заработи над 14 милијарди долари од извозот на оружје.

Оваа година Русија постигна рекорд во испораката на воена опрема. Ова го  изјави Владимир Путин на седницата на комисијата за воено-техничка соработка. Извозот надминал 14 милијарди долари.

Во 2011 година Русија продала воена техника и оружје во вредност од 13,2 милијарди долари. За 2012 година, планот на Федералната служба за воено-техничка соработка предвидуваше извоз од 13,5 милијарди долари.

Претседателот ги повика сите соработници во воено-техничката сфера да работат за подобрување и активно промовирање на производите на светскиот пазар.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња