Најскапите градови за живот во Русија се наоѓаат зад Урал

Најмногу пари граѓаните на Русија трошат за своите автомобили, како и за комунални услуги.

Најмногу пари граѓаните на Русија трошат за своите автомобили, како и за комунални услуги, - пресметаа експертите во Стопанската комора. Гледано според региони, трошоците се големи во едни, а сосема мали во други.

Средно земено, реалните трошоци на населението за автомобил, комунални услуги, храна и лекарства во минатата година пораснале за 0,5% и изнесувале 12.300 рубљи месечно (околу 18.800 денари). Како основа за ова истражување земени се податоците од 17-те најголеми руски градови. Овој начин на пресметување на Стопанската комора се разликува од оној на Росстат (Бирото за статистика), кој ги обработува податоците од целата држава.

Според податоците, најскап град за живот во Русија е Хабаровск, во кој реалните трошоци месечно за автомобил, комунални услуги, храна и лекарства изнесуваат 16.400 рубљи (околу 25.000 денари). На второто место е Екатеринбург (13.400 рубљи - околу 20.500 денари), на трето место - Краснојарск (13.000 рубљи - околу 19.900 денари). Треба да се забележи дека сите овие градови се наоѓаат зад Урал. Москва дури не е најскапиот град! Таа е на четвртото место со 12.900 рубљи (околу 19.700 денари). Притоа, треба да се каже дека во Москва, после плаќањето на сите овие трошоци, во паричниците на граѓаните остануваат 2/3 од заработените пари, за разлика од другите градови кои се спомнати овде.

Најевтино, пак, живеат жителите на градот Вороњеж и Омск (12.400 и 12.300 рубљи - околу 18.800, односно 19.000 денари). Сепак, експертите забележуваат дека ова се показатели само од 17-те најголеми градови во Русија, што не дава право да се суди за цела Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња