Во Русија ќе се појави патека на славните

На територијата на Државниот филмски фонд ќе се појави холивудска верзија на патеката на славните.

На територијата на Државниот филмски фонд, во местото Белие Столби во Подмосковје, ќе се појави холивудска верзија на патеката на славните, само, овој пат, тоа ќе биде патека на славните од руската кинематографија. Таму ќе бидат поставени бистите на познатите личности во руската кинематографија.

На оваа патека прв ќе виде овековечен основачот на руската кинематографија – режисерот и сценарист Александар Ханжонков. Неговата биста ќе биде поставена на почетокот на 2013 година. Одлуката за понатамошните кандидатури ќе ги носи посебна комисија при Сојузот на филмски работници.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.