Разработена е новата надворешно-политичка концепција на Русија

Русија се враќа на големиот пост-советски простор.

Во годините што следат, главен приоритет на руската надворешна политика ќе остане интегрирањето на пост-советскиот простор. Според некои информации во медиумите, новата „Надворешно-политичка концепција на Русија“ веќе е подготвена во Министерството за надворешни работи.

Во контекст на светската економска криза и „арапската пролет“, документот има за цел да ги зацврсти позициите на Руската Федерација, која треба да игра стабилизирачка улога во светот кој се менува.

„Не гледам никакви револуционерни промени во споредба со претходните надворешно-политички приоритети на Русија“ - смета Дмитриј Суслов, заменик директор на Центарот за комплексни европски и меѓународни истражувања на „Високата економска школа“, при Универзитетот за хуманитарни науки на ОНД. - „Пост-советскиот простор се наметна како главен надворешно-политички приоритет за Русија уште во средината на 90-тите години. Во сите следни варијации на надворешната политика на Русија и на концептот за националната безбедност, таа хиерархија не е променета. На прво место сѐ уште е пост-советскиот геополитички простор. На второ место е Европската Унија, а третото место варира. Ако во конретниот документ стојат САД на трето место, тогаш тоа ќе е своевидна новост во руската надворешна политика.“

„Сметам дека е правилно што пост-советскиот простор е определен како главен приоритет на руската надворешна политика. Ако не направиме сојуз со нашите соседи, многу тешко ќе се позиционираме и во светот како една целина. Сигурно нема да одиме во Африка или Океанија за да создаваме сојузи и да се обединуваме“, додава директорот на Центарот за политичка конјуктура, Сергеј Михјејов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.