Бунтовниците повикуваат - „руските државјани не смеат да излезат живи од Сирија“

Опозицијата во Сирија упати закани до граѓаните на Русија, Украина и Иран дека ќе бидат нивна легитимна цел.

Сириските бунтовници им се заканија на државјаните на Русија, Украина и Иран, како и на амбасадите на тие земји, дека ќе станат „легитимна цел на нивните сили“. Тие ги повикаа своите приврзаници „да не ги пуштат тие луѓе живи да излезат од Сирија“.

Раководството на дипломатското претставништво на РФ во Сирија воведе до сега невидени мерки на безбедност. Наредба за евакуација на руските државјани, сѐ уште не е издадена. Сепак, како што е соопштено, план за евакуација веќе е разработен.

Граѓанската војна во Сирија трае скоро две години. Русија пред неколку дена за прв пат призна дека силите лојални на претседателот Башар Асад може да ја загубат војната со бунтовниците.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња