Русија поднесе барање за членство во ЦЕРН

Руската наука во друштво на светска лабараторија ЦЕРН

Русија поднесе барање за членство во Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН), најголемата светска лабораторија за физика. Во моментов Русија има статус на набљудувач во оваа организација, но планира да стане нејзин полноправен член. Ова го изјави министерот за образование и наука на РФ, Дмитриј Ливанов.

Во овој момент во работата на ЦЕРН учествуваат над 850 руски научници, ангажирани во повеќе од 15 различни експерименти. Во организацијата членуваат 20 држави, а уште 7 (вклучувајќи ја и Русија) имаат статус на набљудувач. Членството во организацијата ќе ја чини Русија 7,5 милиони швајцарски франци годишно (8,15 милиони долари).

Неодамна ЦЕРН се најде на насловните страни со потврдата за постоењето на т.н. Хигсов бозон, до тогаш хипотетичка честичка која на останатите честички, од кои се состои Универзумот, им ја обезбедува масата. Сведоштвото за оваа честица беше овозможено со помош на најголемиот акцелератор во светот изграден од ЦЕРН.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.