Митингот на опозицијата во Москва - најмалоброен собир оваа година

Во Москва е одржан митинг на опозицијата кој властите не го одобриле

На плоштадот Лубјанка во Москва се одржи митинг на опозицијата кој властите не го одобрија. Овој митинг стана најмалобројниот опозициски собир во годината која заминува. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, на митингот кој се одржал на плоштадот Лубјанка учествувале 700 луѓе, од кои 300 биле претставници на медиумите и блогери.

Поради недозволени активности, приведени се лидерите на опозициското движење, Сергеј Удаљцов, Ксенија Собчак, Илја Јашин и Алексеј Навални. Полицијата покасно ги пушти без направен извештај за прекршок.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња