Европската комисија: Русија мора да го промени неприфатливото однесување

Самитот Русија-ЕУ, кој ќе се одржи во Брисел на 21 декември, ќе биде последната шанса да се избегне трговски судир меѓу Русија и ЕУ

Самитот Русија-ЕУ, кој ќе се одржи во Брисел на 21 декември, ќе биде последната шанса да се избегне трговски судир меѓу Русија и ЕУ, изјави повереникот на Европската Унија за трговија, Карел Де Грухт.

„Русија мора да го промени неприфатливото однесување. Следната недела ќе имаме состанок на највисоко ниво во Брисел. Ако Русија не преземе мери околу нарушувањето на прописите кои ги изврши во текот на последните неколку месеци, ние ќе бидеме приморани да преземеме одредени мерки“, изјави Грухт.

Притоа, според неговите зборови, ЕУ е спремна за борба со помош на механизмите на Светската трговска организација (СТО). „Нека нема сомнежи, ние и понатаму ќе се состануваме во Женева колку што е потребно, се додека продолжува оваа сегашна ситуација“, изјави Грухт.

Ова се претензии на ЕУ поврзани со обидот на Русија да го заштити својот пазар во различни стопански гранки. ЕУ посебно е незадоволна со ограничувањата на Русија поврзани со европското земјоделство, сточарството, дрвната индустрија, а исто така и со нејзината позиција во сферата на енергетиката.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња