Два слона за малку ќе настрадаа во камион кој се запали на сибирскиот автопат во „Бајкал“, додека превезуваше животни од Новокузењцк до циркусот во Омск. Според првичните информации, причина за огнот бил дефект во инсталацијата на возилото.
Возачот навреме го забележал чадот и го запрел камионот. Дресерот веднаш ги изнел надвор слоновите и трчал со нив наоколу за да ги загрее овие животни од топлите краеви во услови на 40 степени под нулата. Потоа животните се пренесени во топла гаража, каде се закрепнати и загреани на стариот, добар, локален начин - со вотка.
„Од вотката помешана со топла вода, слоновите толку многу се разгаламија како да се во џунгла...Сигурно им било многу пријатно“, рече инспекторот на противпожарната единица Сергеј Устименко, кој беше на местото на настанот.
Пожртвуваниот дресер, пак, самиот се здоби со смрзнатини, поради што е префрлен во локалната болница каде му е укажана неопходната помош.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче