Се затвора Габалинската радарска станица во Азербејџан

Министерството за надворешни работи потврди дека радарската станица од времето на СССР се затвора

„Министерството за надворешни работи на РФ потврдува дека Русија го прекинува користењето на Габалинската радарска станица во Азербејџан“ - се вели во соопштението на официјалниот претставник на МНР на РФ, Александар Лукашевич.

„Рокот на важење на Договорот помеѓу Руската Федерација и Република Азербејџан за статусот, принципите и условите за користење на Габалинската радарска станица, истече на 9 декември 2012 година и руската страна на 10 декември 2012 го прекина користењето на таа станица“, рече Лукашевич. Тој додаде дека азербејџанската страна не доставила понуда за продолжување на рокот за изнајмување на станицата.

Експертите коментираат дека прекинувањето на користењето на оваа станица е правилен чекор. Тие сметаат дека  во никој случај тоа нема да се одрази на одбранбените способности на Русија, а во исто време, Русија ќе престане да зависи од Азербејџан во еден важен аспект на одбраната, како што е системот за предупредување од ракетен напад.

Габалинската радарска станица од типот „Дарјал“ беше еден од најважните елементи во системот на предупредување од ракетен напад во СССР. После распадот на СССР, оваа станица се најде на територијата на Азербејџан во атарот на селото Зарган во Габалинската област, на 680 м. надморска висина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња