Клинтон сака да го уништи СССР

Хилари Клинтон сè уште е на функцијата државен секретар на САД и нејзините изјави сè уште не се само емоција на една обична Американка. Извор: Росијскаја газета.

Хилари Клинтон сè уште е на функцијата државен секретар на САД и нејзините изјави сè уште не се само емоција на една обична Американка. Извор: Росијскаја газета.

Државниот секретар на САД во заминување реши да ја тресне вратата зад себе: во последно време кажува сè што мисли. Сепак, нејзината најнова изјава за тоа дека САД мораат да „најдат ефикасен начин за да ги успорат или да ги спречат“ интеграциските процеси како што се Евроазиската и Царинската унија и натаму се смета за официјална политика на Вашингтон.

„Задушувањето на опозициското расположение во земјите на Источна Европа и на Средна Азија можат да доведат до нова 'советизација' на овие земји“, изјави државниот секретар на САД Хилари Клинтон. Таа себеси си даде толкава слобода само неколку часа пред средбата со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во Даблин. Иако, тоа беше нејзина проштална средба. 

Руската страна одговори веднаш. Александар Грушко, постојаниот претставени на РФ во НАТО, е уверен дека изјавите на САД за тоа како Русија тежнее кон „ресоветизација“ на постсоветското пространство не одговараат на реалните процеси што се одвиваат во регионот.

Сега Хилари Клинтон си дава слобода да зборува практично сè што мисли, сè што „се насобрало“, сè што од неа сакаат да слушнат младите американски „јастреби“, кои сè уште немаат искуство во меѓународните односи.

Според зборовите на државниот секретар, „советизацијата“ може да се одвива и под називи како што се „Царинска унија“ или „Евроазиска унија“. „Не треба да се лажеме. Ние знаеме која е целта и се обидуваме да најдеме ефикасен начин за да го успориме или за да го спречиме тој процес“, нагласи Клинтон. 

Претходно државниот секретар се воздржуваше од такви остри пораки кон Русија и кон сојузниците на Русија. Но, во последно време ситуацијата се измени од корен. Сега таа себеси си дава слобода да зборува практично сè што мисли, сè што „се насобрало“, сè што од неа сакаат да слушнат младите американски „јастреби“, кои сè уште немаат искуство во меѓународните односи. 

Вашингтон, секако, би сакал сите земји да играат како што свири тој, сите да му се поклонуваат на моќното американско оружје и покорно да ги прифаќаат сите негови одлуки. Но, во светот има многу други земји кои немаат намера да бидат американски вазали. Определени држави на нашава планета и понатаму водат сопствена надворешна политика, која не зависи од Белата куќа.


Не треба да се лажеме. Ние знаеме која е целта [Евроазиска унија и Царинска унија] и се обидуваме да најдеме ефикасен начин за да го успориме или за да го спречиме тој процес. 

Хилари Клинтон, државен секретар на САД 

Треба да се има разбирање за државниот секретар. Таа веќе неколку месеци си ги пакува куферите. Се очекува Клинтон во јануари да ја напушти својата висока функција. Според тоа, таа сега може да зборува, да коментира и да осудува колку што ѝ сака душата. Но, ништо друго не може да се очекува од една „куца патка“(Lame duck), како што во Америка ги нарекуваат политичарите во заминување. 

Сепак, таа сè уште е на функцијата државен секретар на САД. Кога таа нешто ќе каже, тоа сè уште не се само емоции на обична Американка. Нејзината изјава е официјална позиција на Вашингтон, која во Москва секако е забележана. Тоа значи дека нејзините зборови ќе имаат непосредно влијание врз нивото и врз квалитетот на руско-американските односи. Колку и да сака Америка да се покаже дека не зависи од Русија, сепак вашингтонските политичари би требало да си спомнат дека светот станува сè „помал“, а допирните точки има сè повеќе. 

„Русија, пред сè, никому ништо не наметнува“, објасни Александар Грушко. „Но, ние тргнуваме од тоа дека секоја држава може да биде заинтересирана за користење на сите потенцијали за соработка со своите соседи. Ние во последно време инвестираме во интеграциските процеси, и тоа не го доживуваме како противтежа на општата тенденција за глобализација. Кога станува збор за тврдењето за 'советизација' и за 'ресоветизација', тоа клише апсолутно не одговара на реалните процеси што денес се одвиваат на постсоветското пространство“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња