Истражен комитет на РФ: Руската опозиција ја финансирал грузиски политичар

Нови превирања околу дејствата на опозицијата во Русија

„Истражните органи поседуваат доказен материјал кој потврдува дека грузискиот политичар Гиви Таргамадзе ја финансирал руската опозиција“, изјави официјалниот претставни на Истражниот комитет на РФ, Владимир Маркин.

 „Утврдено е дека во пролетта 2012, група граѓани на Руската Федерација од различни региони организирано заминале во Република Литванија заради учество на семинар за преземање на власта по принципот на „обоени револуции“, кои веќе се изведени во други земји“, изјави Маркин.

На телевизискиот канал НТВ на 4 октомври е прикажан филмот „Анатомија на протестот 2“, кој предизвика големи реакции во јавноста. Авторите на филмот тврдат дека руската опозиција наводно припрема насилно заземање на власта со финансиска поддршка од странство. Врз основа на фактите кои се изнесени во филмот, истражните органи поднесоа кривична пријава и покренаа истрага за припрема на масовни нереди.

Во рамки на истрагата сослушан е опозиционерот Сергеј Удаљцов, кому му е забрането да го напушта местото на живеење. Освен него, за овој случај оптужени се и опозиционерите Леонид Развожајев и Константин Лебедев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.