Дијалогот меѓу РФ и САД за проблемот околу системот за противракетна одбрана (ПРО) може да се води во два правца - или ќе се создаде заеднички систем за ПРО, или Русија ќе добие правни гаранции дека овој систем нема да биде насочен против неа. Тоа го изјави министерот за надворешни работи на РФ, Сергеј Лавров.
„Ние не бегаме од разговор, но разговорот може да се води само во два правца - или ќе креираме и реализираме заеднички систем кој навистина ќе биде насочен кон неутрализирање на ризиците, или ќе добиеме гаранција дека системот за противракетна одбрана нема да биде насочен против РФ, како и воено-технички критериуми, со помош на кои ќе можеме во секоја етапа од разместувањето на овој систем да ја проверуваме веродостојноста на тие гаранции“, изјави Лавров.
Според мислењето на Лавров, планираното постапно адаптивно разместување на системот за противракетна одбрана во САД и Европа, ќе биде изведено на начин кој ќе ја загрози стратегијата за воздржување од употреба на нуклеарно оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче