Путин: Телевизиските канали мораат да негуваат и патриотизам, а не само рејтинзи

Путин предлага менување на меркантилниот карактер на телевизиите

„Руските телевизиски канали мораат да посветат внимание на негувањето патриотизам“, изјави претседателот на Русија за време на состанокот со т.н. повереници (претставници од јавниот живот и експерти кои го поддржуваа во текот на предизборната кампања).

„Главните државни медиуми мораат да влијаат врз развитокот на патриотските чувства кај гледачите, а не само да се борат за рејтинг и поголема цена на времето за реклами“, рече Путин.

Оваа изјава беше одговор на изјавата на естрадниот уметник Генадиј Хазанов, кој укажа на фактот дека во општеството доаѓа до пораст на агресивноста, и дека има сѐ повеќе морални, а не физички инвалиди. Според неговото мислење, медиумите и те како допринесуваат за развитокот на оваа ситуација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.