Лансирањето на ракетата која Северна Кореја го изведе и покрај негативното мислење на меѓународната заедница, предизвика негативни реакции во Москва.
„Овој чекор на севернокорејската страна претставува кршење на резолуцијата на Советот за безбедност УН 1874, која недвосмислено забранува Северна Кореја да лансира ракети со помош на балистички технологии“, наведено е во соопштението на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.
Дипломатите сметаа дека ова лансирање, уште едно во низата лансирања на ракети кои ги изведе Пјонгјанг, нема да допринесе за зголемување на стабилноста, туку ќе има негативен ефект врз општата состојба во Североисточна Азија.
„Апелираме до Северна Кореја да не презема нови активности кои се косат со резолуциите на Советот за безбедност при ООН. Истовремено се надеваме дека и другите страни ќе се воздржат од чекори кои уште повеќе би ја вжештиле атмосферата и ќе создадат нови пречки на патот кон обновувањето на шестостраниот преговарачки процес, кој, според наше мислење, и понатаму претставува оптимален формат за регулирање на нуклеарното и другите прашања на Корејскиот полуостров“, заклучено е во МНР на РФ.
Лансирањето на севернокорејската ракета со сателит е изведено на 12 декември во утринските часови. Северна Кореја издаде соопштение дека сателитот успешно е изведен во орбитата. Многу експерти претпоставуваат дека космичката програма на Северна Кореја е само маска за тестирање на балистички ракети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче