Министерството за одбрана на РФ одлучи да го возобнови своето филмско студио

Повторно се отвора филмското студио на Министерството за обрана на РФ

Министерството за одбрана на РФ наскоро ќе донесе одлука за повторно отворање на филмското студио на овој ресор, кое беше расформирано за време на воените реформи кои се спроведуваа во октомври 2008 година од страна на поранешниот министер за одбрана, Анатолиј Сердјуков.

Во ова ресорно филмско студио се снимани филмови од различни жанрови за потребите на вооружените сили на Русија. Ова студио е формирано во 1960 година, со цел да ги обедини поединечните филмски студија, лаборатории и одделенија, кои во тоа време работеа во составот на различни видови и родови војски, како и во рамките на воените образовни установи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.