Договорот за присоединување на Македонија кон гасоводот “Јужен тек“ се наоѓа во финалната фаза на разгледување и може да се очекува негово потпишување кон крајот на јануари 2013 година, изјави вице-премиерот и министер за финансии на Македонија, Зоран Ставревски.
„Очекуваме кон крајот на јануари во 2013 да добиеме одговор од руската страна и да го потпишеме договорот. Тоа ќе ни овозможи да создадеме заедничко претпријатие и да пристапиме кон изградба на гранка од гасоводот во Македонија“, - рече Ставревски.
Почетокот на изградбата на гасоводот „Јужен тек“ започна со официјална церемонија во Анапа на 7 декември. Се планира изградба на четири гранки со проток од 15,75 милијарди кубни метри гас за секоја. Вкупната вредност на „Јужен тек“, вклучувајќи ги и земните делови, се проценува на 16 милијарди евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче