„Обичниот“ плутониум вештачки се создава во нуклеарните реактори и при експлозија на нуклеарни бомби. Се смета за една од најтоксичните супстанции што му се познати на човекот. Фотографија од слободни извори.
Руски стручњаци за потребите на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (IAEA, International Atomic Energy Agency) ќе создадат нов единствен инструмент, кој на инспекторите од оваа организација ќе им овозможи сигурно откривање нелегално производство на нуклеарно оружје во целиот свет. Станува збор за производство на мошне редок изотоп на плутониумот (плутониум-244), што ќе се користи како идеален еталон во методот на изотопско обележување. Тој ќе овозможи утврдување на првобитниот состав на мострата што инспекторите ќе ја земат од одредена локација. Договорот за производство на новиот маркер беше постигнат на еден од последните состаноци на IAEA.
Плутониум-244, со својот период на распаѓање од 80 милиони години, е најстабилен изотоп на плутониумот. Интересно е што овој изотоп може да се најде на Земјата. Бидејќи не може да се направи во реакциите што се случуваат во нуклеарниот реактор, неговото присуство може плаузабилно може да се објасни само како трага од експлозијата на супернова.
Ова го прави плутониум-244 најтежок и најнестабилен примордијален изотоп што досега е откриен на нашата планета.
Руска реч на македонски
„Рускиот федерален нуклеарен центар (Руски научно-истражувачки институт за експериментална физика) и Лабораторијата за аналитичкарадиохемија и спектрометрија на масата на Радиумскиот институт ‘Виталиј Хлопин’ (претпријатие на државната корпорација ‘Росатом’) ќе создаде нов стандарден еталон на плутониумот за мрежата на аналитики лаборатории на IAEA. Новиот еталон ќе овозможи со помош на методот на спектрометрија на маста на објекти ширум светот, за кои IAEA гарантира, да се откријат евентуални непријавени нуклеарни активности“, изјави за „Известија“ официјалниот претставник на „Росатом“ Владислав Бочков.
Производството на маркерот непосредно ќе го реализира Федералниот нуклеарен центар во Саров. IAEA почетниот материјал ќе го испрати во Рускиот научно-истражувачки институт за експериментална физика, каде дополнително ќе биде обогатен. Радиумски институт „Виталиј Хлопин“ ќе ги атестира еталоните, кој потоа ќе бидат проследени до мрежите на аналитички лаборатории на IAEA, каде се испраќаат сите мостри од инспекциските контроли на нуклеарните објекти.
Надлежните во „Росатом“ изјавуваат дека нивната организација е мошне заинтересирана за овој материјал, зашто од технолошка гледна точка тој е најпогоден за анализа. Имено, производите што се создаваат при работата на нуклеарните реактори не го содржат плутониум-244, и затоа тој претставува идеален маркер за спектрометриска анализа.
Суштината на методот на спектрометриска анализа на масата се огледа во следново: ласерското зрачење делува врз мострата на супстанцата, така што таа преминува во гасна состојба и притоа се јонизира. Потоа во оваа гасна средина се утврдува односот помеѓу масата на честиците и нивната наелектризираност, што овозможува со висок степен на точност да се определи изотопскиот состав на мострата. Врз основа на добиените резултати, инспекторите на IAEA ќе можат да заклучат дали работата на определени претпријатија одговара на пријавената документација.
„Ова е најчувствителниот метод за детекција на различни супстанци. Тој овозможува да се регистрира присуството на сосема ниска концентрација на определена супстанца, на ниво од 106 честици на кубен сантиметар“, објаснува Сергеј Киреев, професор на Националниот истражувачки нуклеарен универзитет МИФИ.
Денес лабораториите на IAEA сè уште користат евтини стандардни еталони на плутониум и ураниум, меѓу кои има и такви што се произведени во Русија. Надлежните од „Росатом“ не објавија колку ќе чини производството на новиот маркер. Вишиот научен соработник од катедрата за теориска и експериментална физика на нуклеарните реактори Виктор Зубарев објаснува дека при истражувањата на спектрометријата на масата обично се користат други маркери направени од супстанци што можат многу полесно да се најдат во природата. Затоа плутониумот-244, според неговите борови, е „скапо задоволство“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче