Нанотранспортерите тестирани на глувци во Руската академија на науките успешно го доставуваат лекот во срцевината на заболената ќелија, како оваа која е прикажана на фотографијата. Фотографија: Yale Rosen.
За новите нанотранспортери се зборува во рефератот на академикот Георги Георгиев, директор на Институтот за биологија на генот (ИБГ) при Руската академија на науките, и Александар Соболев, шеф на Лабораторијата за молекуларна генетика на внатреќелискиот транспорт во истиот институт. Овој научен извештај е поднесен на претседателството на Руската академија на науките.
„Оние што прават специфични и ефикасни средства за лекување се соочуваат со парадоксална ситуација“, вели Александар Соболев. „Мораат да користат таканаречени површински молекуларни маркери за да се обезбеди ќелиската специфичност на лекот, и во исто време заради максимална ефикасност постои потреба лекот да се достави во самата ќелија, во определен нејзин дел.“
Новата технологија овозможува лековите за фотодинамичка терапија во лекувањето на ракот, таканаречените фотосензибилизатори (ФС), кои нанотранспорерите ги доставуваат во клетките на ракот, да делуваат 1000 – 3000 пати поефикасно од слободните фотосензибилизатори.
За средствата против рак, ваквата „испорака“ најчесто треба да стаса во срцевината, вели научникот. Но, за тоа е потребно да се создаде транспортер на лекот до потребното место, кој би ги задоволувал двете споменати противречни потреби. „Ние создадовме модулни нанотранспортери (МНТ) кои овозможуваат оваа задача да се реализира“, истакна Соболев.
За таа цел од разни природни молекули земени се определени модули, кои се споени во химер, ако зборуваме на научен јазик, односно вештачки белток со големина од околу 10 нанометри. Токму тоа е МНТ. Секој модул во составот на МНТ и понатаму ја врши својата функција. По интравенозното внесување во организмот МНТ се концентрира првенствено во клетките на ракот, и тоа пред сè во нивната срцевина. Освен тоа, овие транспортери се незначително токсични и речиси не се имуногени.
Секој модул во состав на модулниот нанотранспортер (МНТ) и понатаму ја врши својата функција. По интравенозното внесување во организмот МНТ се концентрира првенствено во клетките на ракот, и тоа пред сè во нивната срцевина.
Благодарение на ова лековите за фотодинамичка терапија во лекувањето рак, таканаречените фотосензибилизатори (ФС), кои нанотранспортерите ги доставуваат во клетките на ракот, делуваат 1000 – 3000 пати поефикасно од слободните фотосензибилизатори. Така, на пример, терапијата на глувците со пресаден човечки епидермоиден карцином со примена на МНТ значително го успорува прогресот на ракот и овозможува преживување на 75% од глувците заболени од рак, додека обичниот, слободен фотосензибилизатор дава позитивен резултат кај само 20% од случаите.
Слични резултати се добиени и при користење други препарати против рак.
„Високата ефикасност на терапијата со примена на различни МНТ овозможува да се постави прашањето за можноста на примена на слични транспортери и во клиничко лекување на малигните тумори“, нагласија истражувачите.
Во тек е завршната фаза на предклиничкото тестирање на модулните нанотранспортери.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче