Крајбрежните единици и бродови на Црноморската флота во текот на годината извршиле над 300 воени вежби. Извор: ИТАР-ТАСС.
Во Севастопол е одржана проширена седница на Воениот состав на Црноморската флота, на која беа сумирани резултатите на делувањето на оперативно-стратешката група во завршната година од обуката, соопшти информативната служба на Јужниот воен округ.
Седницата на Воениот совет ја отвори командантот на Црноморската флота, контраадмирал Александар Федотенков.
Извештај за резултатите од работата за исполнување на планот во воената обука поднесе началникот на управата за воена обука на Црноморската флота, капетан од прва класа Александар Чесноков.
Големиот десантен брод „Цезар Куников“ ја претставуваше флотата во италијанската Месини, каде во свечена атмосфера беше откриен споменикот на руските морнари кои дошле на помош на жителите на Сицилија по катастрофалниот земјотрес во 1908 година.
Тој, меѓу другото, истакна дека бродовите на оваа флота во текот на годината ги извршуваат своите задачи во Средоземното море и фактички го имаат обновено постојаното присуство во неговите води. Црноморската флота има реализирано 6 далечни походи, од кои еден е извршен со одред бродови. Подморницата „Алроса“ го заврши редовниот сервис во Балтичката флота и успешно се врати во својата флота, пловејќи од Кронштат до Севастопол. Големиот десантен брод „Цезар Куников“ ја претставуваше флотата во италијанската Месини, каде во свечена атмосфера беше откриен споменикот на руските морнари кои дошле на помош на жителите на Сицилија по катастрофалниот земјотрес во 1908 година, а големиот десантен брод „Новочеркаск“ по работната задача наминуваше во пристаништата во Грција и во Црна Гора. Хидрографскиот брод „Донузлав“ ѝ обезбеди учество на руската делегација на меѓународната хидрографска конференција во Монако. Во два наврати бродовите на Црноморската флота зедоа учество во активностите на Црноморската воено-морска група во оперативната акција „Blackseafor“. Одред бродови на Црноморската флота учествуваше во заедничката руско-италијанска воено-морска вежба „Јониекс-2012“, а изведена е и заедничка руско-украинска воено-морска вежба „Пловен пат на светот – 2012“. Моментално одред на воените бродови на Црноморската флота на чело со главниот брод на флотата, гардискиот ракетен крстосувач „Москва“, извршува задачи во Средоземното море.
Крајбрежните единици и бродови во текот на годината извршија над 300 борбени вежби, изведени се две гаѓања со крстосувачки и над триесет гаѓања со противавионски ракети, како и 170 артилериски гаѓања. Посадите успешно извршија над 60 стручни задачи и поминаа 6 стручни проверки во заеднички вежби.
Главните резултати на обуката на Црноморската флота за 2012 година ги сумираше командантот на Црноморската флота, контраадмиралот Александар Федотенков. Тој им се заблагодари на припадниците на флотата за работата што ја завршија годинава и изрази надеж дека борбената обука и во следниот период на продолжи со исто темпо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче