Во Русија забележано рекордно ниско ниво на невработеност

Русија - една од земјите со најниска невработеност во Европа

„Русија постигна рекордно ниско ниво на невработеност од распадот на СССР до сега“, изјави потпретседателката на владата на РФ, Олга Голодец.

 „Денес во Русија е регистрирано најниско ниво на невработеност - 5,2%. Русија никогаш во својата историја не постигнала ваков резултат“, изјави Голодец за време на Меѓународната конференција за достоинствена работа, која се одржува во Москва.

Во разговорот со новинарите, потпретседателката на владата нагласи дека постигнатиот резултат мора да биде задржан и во следната година.

Бидејќи беше замолена да направи паралела меѓу состојбата во сферата на вработеноста во Русија и во Европската Унија, потпретседателката изјави: „Во споредба со европските земји, ние сме во голема предност. Европската унија ги исцрпи своите потенцијали за создавање нови работни места“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња