Кај граѓаните на Русија јакне социјалниот оптимизам

Во Русија се зголемува оптимизмот

Според пресметките на Серускиот центар за проучување на јавното мислење, во 2012 е забележано подобрување на субјективното доживување на квалитетот на животот кај граѓаните на Русија. Последната анкета која ја спроведоа социолозите, покажа дека во ноември на 40% се зголемил бројот на граѓани во Русија кои се задоволни од животот – додека во истиот период лани, така се изјасниле само 26% од жителите на земјата. Бројот на тие кои не се задоволни се намалил од 28% на 19%.

 Социолозите дојдоа до заклучок дека поголемиот број граѓани на Русија не очекуваат кардинални промени во следната година – 25% сметаат дека „ќе живеат подобро“, додека 54% очекуваат дека „сѐ ќе биде исто како и сега“. Песимистички прогнози имаат 14% од испитаниците. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.