БМД-4 стапи во вооружувањето на Воздушно-десантните единици

Руската армија го збогати својот арсенал со нова технологија

„Донесена е одлука за вклучување на десантното возило БМД-4 во вооружувањето на Воздушно-десантните единици (ВДВ) на РФ“, изјави командантот на 31-та гардиска самостојна воздушно-десантна бригада на ВДВ, полконвник Генадиј Анашкин.

„Одлуката е донесена. БМД-4 е возило од новата генерација, на кое веќе долго се чекаше во ВДВ и кое конечно ќе стапи во вооружувањето“, рече Анашкин.

Во август оваа година, Александар Сухоруков, кој во тоа време бил заменик на министерот за одбрана на РФ, изјави дека оклопното возило БМД-4М не одговара на потребите на руската војска, поради што нема да биде набавено.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња