12 кандидати за списокот на Светското наследство

Ви ги претставуваме 12 чуда на Русија – паркови, пештери, котлини, платоа, солени и врели езера, оддалечени острови и мистериозни дела на човековата рака, кои сѐ уште чекаат на ред да бидат внесени во списокот на Светското наследство на УНЕСКО.

Авачинската лагуна (Камчатски крај)

Извор: Lori / LegionMedia.

Втора по големина во светот. Опкружена од сите страни со вулкани и со снежни планински врвови. Авчинската лагуна е толку голема што во неа може да се сместат сите бродови од светот. Од неа се гледаат три вулкани: Корјакискиот, Авачинскиот и Виључинскиот. На влезот во лагуната од водата се издигнуваат три карпи кои се нарекуваат „Тројца браќа‘‘. Карпите официјално се регистрирани како споменик на природата и се своевиден симбол на Авачинската лагуна и на градот Петропавловск-Камчатски.

 

Кунгурската ледена пештера (Пермски крај)

Извор: Lori / LegionMedia.

Единствен споменик на природата што се формирал на местото на Големото Пермско море. Научниците оцениле дека пештерата е стара 10-12 илјади години. Денес Кунгурската ледена пештера, според оценките на стручњаците, е единствена гипсена пештера на светот со голема трајно замрзната површина, а според должината е седма во светот. Секоја година пештерата ја посетуваат над 100 илјади туристи.

 

Валдајскиот национален парк (Новгородска област)

Извор: GeoPhoto.

Националниот парк „Валдајски“ е основан со цел да се сочува единствениот езерско-шумски комплекс Селигер. Тоа е систем од глацијални езера кој често се нарекува бисер на руската природа. Се наоѓа во централниот дел на Русија, меѓу Москва и Санкт Петербург, на шумските брекчиња на Валдајската висорамнина, 360 километри северозападно од Москва. Површината на езерото изнесува 260 квадратни километри, од кои 38 квадратни километри заземаат островите, кои на Селигер ги има над 160.

 

Соленото езеро Баскунчак (Астраханска област)

Извор: ИТАР-ТАСС.

Ова е единствената природна долина на врвот на огромна планина од сол. Наслагите од сол под дното досегаат до 6 километри под земјата, а на врвот се покриени со седиментни наслаги. Од сите солени езера на светот ова е најголемото и најсоленото. Површината на езерото Баскунчак изнесува околу 115 квадратни километри. Тоа се наоѓа 53 километри источно од Волга.

}

Врвот Белуха (Република Алтај)

Извор: Lori / LegionMedia.

Врвот Белуха се наоѓа во Уст-Коксинското подрачје на Алтајските планини, висок е 4500 метри и е највисока точка во Сибир. Алтајците ја сметаат Белуха за света планина.

 

Платото Мањпупуњор (Република Коми)

Извор: ИТАР-ТАСС.

Гигантските камени статуи на платото Мањпупуњор, во непристапните предели на Северен Урал територијата на Република Коми, настанале со селективна ерозија на карпи. Има вкупно седум столбови, а секој од нив е висок од 30 до 40 метри. Мањпупуњор е популарна дестинација за спортски туризам.

 

Алејата на китовите (Чукотски автономен округ)

Извор: GettyImages.

Единствен споменик на староескимската култура на островот Интигран, во мореузот Сењавин, близу југоисточниот крај на Чукотка. Огромните коски на гренландските китови во два реда се закопани во земјата на брегот. Импресивна е сложената структура на алејата, како и нејзините размери – алејата се протега на околу 500 метри долж северниот брег на островот.

 

Краснојарските Столбови (Краснојарски крај)

Извор: GeoPhoto.

Државниот природен резерват „Краснојарски Столбови“ се наоѓа на десниот брег на Енусеј, на стрмнините на Источен Сајан, 4 километри од Краснојарск. „Столбовите‘‘ се всушност карпи од вулканско потекло од сивкасто-црвенкав камен сиенит, кои се издигнуваат над живописните планински тајги. Високи се од 60 до 90 метри. Карпите го добиле својот облик под дејство на водата, ветрот и осцилацијата на температурата. Речиси сите карпи имаат име, секоја во согласност со својот изглед. Познати се карпите „Перо‘‘, „Лавја порта‘‘, „Дедо‘‘, „Слонче‘‘, „Кинески ѕид‘‘ и други.

}

Врелото езеро (Сахалинска област)

Извор: GeoPhoto.

На Курилските острви има околу 40 активни и мноштво изгаснати вулкани. Езерата на Курилските острови се необично убави. На југот на островот Кунашир, на 451 метар надморска височина, во калдерата на вулканот Головнин се наоѓа врелото езеро Понто. Водата тука врие и клокоти, а долж брегот во шиштење избиваат млазови гас и пареа. Во текот на 2005-2006 година, во рамките на рејонизација на вулканот на островот Кунашир, извршени се истражувања според кои научниците утврдиле дека кратерот со пречник од 350 метри, во кој се наоѓа езерото, се формирал како последица на фреатичка ерупција во центарот на вулканската калдера.

 

Острвот Врангељ (Чукотски автономен округ)

Извор: GeoPhoto.

Ова е остров во Северниот леден океан, на спојот на западната и источната полутопка – 180 меридијан го дели на два речиси еднакви дела. Со цел проучување и зачувување на природниот комплекс на арктичките острови тука во 1976 година бил основан резерватот „Остров Врангељ‘‘, кој го опфаќа и малиот соседен остров Хералд. Површината на островот изнесува околу 7670 квадратни километри, од кои 4700 квадратни километри заземаат планините во централниот дел на островот. Островот е покриен со арктичка тундра, има помали глечери и езера. Меѓу планинските гребени се простираат долини со многубројни реки. На островот има над 140 реки и потоци долги над еден километар и пет реки долги над 50 километри.

 

Елбрус (Кабардино-Балкарска и Карачаево-Черкеска Република)

Извор: Lori / LegionMedia.

Планината Елбрус на Кавказ всушност не е планина, туку стратовилкан. Тоа е најголемиот врв во Русија. Елбрус всушност има два врва: западниот кој е висок 5642 метри, и источниот со височина од 5621 метар. Со тоќност од ± 50 години, утврдено е дека до последната ерупција дошло 50 години пред нашата ера. Симболичното значење на Елбрус како највисока точка на Европа придонел овој врв да стане поприште на жестоки борби за време на Втората светска војна, во која меѓу другите уќествувале и единиците на германската планинска пешадиска дивизија „Еделвајс“.

 

Езерото Чедер (Република Тува)

Извор: Oschtan.

Езерото се наоѓа на југот на Тувинската долина, на границата помеѓу Русија и Монголија, во ендореична долина на чиј раб на површината се наоѓаат наслаги од песок и глина од Јурата. Долината е опкружена оголено берговно плато. Од 1932 година на езерото постои бања со лековита солена вода и со лековита кал.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња