Потпретседателот на владата на Руската Федерација, Дмитриј Рогозин, задолжен за Одбранбено-индустрискиот комлекс, одлучи да го замени службениот BMW со руско теренско возило ГАЗ-2330 „Тигар“. Колегите на Рогозин ја поздравија неговата одлука да го замени автомобилот од странско производство со руски автомобил.
Работата над „Тигарот“ на Рогозин веќе започна. Како што е соопштено од „ГАЗ“, тоа ќе биде стандардно теренско возило со пет врати и доста комфорен VIP-ентериер. „Тигарот“ на претседателот на владата ќе биде првото цивилно возило од овој вид. Начално овој автомобил е изработен за потребите на војската.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче