Путин потпиша закон со кој се олеснува добивањето руска виза

Странските работници сега ќе можат полесно во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се олеснува добивањето визи за странските работници и доброволци за Зимските олимписки и Параоломписки игри во Сочи, 2014 година. Документот е објавен на сајтот за правни информации. 

Станува збор за поедноставување на процедурата за издавање на визи за времениот персонал кој ќе земе учество во подготовката и спроведувањето на ХXII Олимписки зимски игри и XI Параолимписки зимски игри во 2014 г. во Сочи.

Законот предвидува можност донесените решенија на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација за издавање на визи на странци (еднократни и многукратни), да се доставуваат по електронски пат во соодветното дипломатско претставништво или конзулат на РФ на покана на АНО „Организационен комитет” – „Сочи 2014”.

Новата регулатива ќе овозможи двојно скратување на рокот за издавање на руски визи, што ќе ја зголеми ефикасноста и оперативноста при спроведувањето на подготовките на Олимписките игри, сметаат авторите на овој законски проект.

Законот има амандмани кои прават промени и во даночниот систем, со што се укинуваат државните такси за издавање на овој вид на визи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.