Во близина на градот Анапа, симболично заварена првата цевка за „Јужен тек“

Гасот од Русија тргна за Европа

Во близина на градот Анапа, симболично беше заварен првиот спој од гасоводот „Јужен тек“, кој преку Црното море ќе носи плин од руските извори до европските корисници. Во церемонијата учествуваше и претседателот Владимир Путин, како и директорите на компаниите кои се акционери во проектот.

Подводниот дел од гасоводот ќе минува по дното на Црното море од редукциската станица „Рускаја“ на рускиот брег, до брегот на Бугарија. Вкупната должина на црноморскиот дел на гасоводот ќе изнесува 900 км, а максималната длабочина повеќе од два километра. Откако ќе пристигне на бугарскиот брег, рускиот гас понатаму ќе минува преку територијата на таа земја, потоа преку Србија, Унгарија и Словенија, до северна Италија. Во план е изградба на крак од гасоводот во Хрватска и Република Српска во составот на Босна и Херцеговина.

Предвидена е изградба на вкупно четири линии на гасоводот. Пуштањето во работа на првата линија и почетокот на испорака е планиран за декември 2015 година. Се очекува во 2018 година гасоводот да го достигне полниот капацитет на проток од 63 милијарди кубни метри годишно. Вкупната цена на „Јужен тек“, заедно со копнените делови, се проценува на 16 милијарди долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња