Одложувањето на ЕУ за укинување на визите не ù одговара на Русија

Европската Унија го одложува укинувањето на визите кон Русија

Одолговлекувањето на Европската унија по прашањето за укинување на визите повеќе не ù одговара на Русија. Ова го изјави специјалниот амбасадор на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Анвар Азимов. 

„Ние сме одлучни во нашите намери, но нема да ги убедуваме нашите партнери, затоа што сметаме дека членките на ЕУ мораат да бидат подеднакво заинтересирани за овозможување на слободата на движење“, изјави Азимов.

Разгледувањето на планот за постепено укинување на визите помеѓу Москва и Брисел, беше завршено уште на крајот на минатата година. Либерализацијата на визниот режим со РФ треба да го поедностави преминувањето на сите руски државјани на границите на ЕУ и да им овозможи на некои категории руски државјани непречено преминување на границите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња