Руската поштенска служба, која често се поврзува со долгите рокови за испорака на поштата, веќе станува побрза, како резултат на сопствената авио-флота. Првиот поштенски авион, во наредните неколку дена, ќе почне да се обраќа на релацијата Хабаровск-Комсомолск на Амур. Засега, предноста на авионската испорака ќе можат да ја почуствуваат само жителите на неколку далекуисточни и сибирски региони.
Сопствените авиони на поштенската служба ќе можат да натоварат и до 1,5 тона пошта и други материјали, со што ќе се овозможи да се намали рокот за испорака на коресподенцијата во регионот. Во блиска иднина планирано е областа на авио-дистрибуција да биде раширена на поголема територија на Русија. Поштенските авиони во република Саха (Јакутија), Тјуменска, Магаданската и Камчатската област, Чукотскиот автономен округ, т.е. во региони со потешки географски услови и слабо развиена транспортна инфраструктура.
Се очекува до 2015 година, поштенската служба да оперира со десет сопствени авиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.