Почитувањето на основните човекови права и слободи во Европската Унија стануваат сериозен проблем, им изјави во четвртокот на новинарите во Брисел, Рускиот комесар за човекови права Лав Константин Долгов.
„Ние мислиме дека е време Европските партнери да ја променат оваа ситуација и да го гарантираат почитувањето на преземените меѓународни обврски“, рече тој.
Долгов во четвртокот му го предаде Рускиот извештај за почитувањето на човековите права, подготвен од Руското Министерство за надворешни работи, на Европскиот комесар за човекови права, Ставрос Ламбринидис, во кој е презентирана состојбата со човековите права во 27 земји-членки на ЕУ. После средбата со европските партнери, извештајот им беше презентиран и на новинарите.
Помеѓу неколкуте прекршувања на човековите права во ЕУ се наведени: „непочитување на правата на малцинствата и затворениците, недоволна заштита на децата, прекршувања на принципот на приватноста и приватниот живот, како и злоупотребата на механизмите власта во спречувањето на правото на протест“, рече Долгов.
Некои од земјите на ЕУ се учесници во програмите на CIA за тајно притварање, затвори, транспортации и тајно затворање на лица осомничени за тероризам, што претставува сурово кршење на фундаменталните обврски во сферата на човековите права, рече Долгов.
Рускиот дипломат исто така зборуваше и за проблемите во сферата на слободата на медиумите и во детали се задржа на неколку охрабрувања на некои нацистички идеологии во некои земји, вклучувајќи ги Балтичките земји, а исто така се пожали и на посегање по правата на руско-говоречките жители во ЕУ.
Извештајот ги споменува и ригорозните буџети и економските мерки, како фактори кои имаат негативен ефект на демократските процеси и социјалните права во ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче