Претседателот на руската Влада, Димитриј Медведев одржа online конференција за новинарите на петте најголеми ТВ - канали во Русија. Во емисијата „Разговор со Димитриј Медведев“, учествуваа новинари од Првиот канал, каналот ВГТРК, РЕН ТВ, НТВ и каналот „Дожд“.
Во разговорот со новинарите премиерот ја резимираше работата на Руската Влада во годината што изминува и ја коментираше политичката позиција во земјата. Големо внимание посвети на пензиските реформи и прашања од работата на Министерството за одбрана.
Прв пат во ваков формат, Медведев даде интервју во 2008 година. Тогаш го интервјуираа три државни ТВ-канали.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче