Гасоводниот танкер Ob River (река Об) успешно го заврши првото во светот транспортирање на течен природен гас (ТПГ), по Севрно-морски пат (СМП), соопштија од Газпром.
Како што прецизира The Wall Street Journal (WSJ), гасот бил произведен во Норвешка на терминалот за ТПГ - Hammerfest Snohvit, сопственост на Statoil, а корисник е јапонската Kyushu Electric Power Co. Според податоците на Ројтерс, превезени се 134.500 кубни метри течен гас. Гасниот танкер е сопственост на грчката компанија Dynagas.
Благодарение на СМП - транспортот, времето за дистрибуција од Северна Европа до Северо-источна Азија, може да се скрати скоро за 40% во споредба со маршутите преку Суецкиот и Панамскиот канал, забележуваат од Газпром. Современите пак мразокршачи го овозможуваат движењето на тешко-тонажните танкери низ замрзнатата вода 3-4 месеци во годината.
Натоварениот танкер преминал, откако порано во октомври, поминал празен брод од Јапонија до Европа. „Двата брода (...), со една навигација целосно ја потврдија техничката и трговската рентабилност на СМП за меѓународен превоз на природен течен гас“, констатираат од Газпром. Концернот смета на истата маршута и за дистрибуција на ТПГ во земјите на Азиско-тихоокеанскиот регион, како и на европскиот пазар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче