Руските научници разработија дистрибуција на антиканцерогени лекови со наноразмери

Болните од канцер добиваат далеку поефикасна терапија

Руските научници разработија специјална молекула која е во состојба да доставува лекови до самото јадро на клетките, кои се засегнати од канцерогени процеси. Таквиот „дистрибутер“, го прави леувањето, најмалку илјада пати поефикасно во споредба со обичните терапии.

„За да се достигне максимална ефикасност потребно е дистрибуцијата на лекови да биде внатре во клетката, во нејзин конкретен дел“, вели раководителот на лабараторијата за молекуларна генетика при Институтот по биологија на гени (ИБГ), на Руската академија на науките, Александар Соболев.

Дистрибуцијата на антиканцерогените лекови обично треба да се прави директно во јадрото, објаснува научникот. „Разработивме модулни нанотранспортери (МНТ), кои дозволуваат тоа да се случи“, вели Соболев.

За таа цел од различни природни молекули беа земани одделни модули, кои беа соединети во вештачки протеини со размер од околу десет нанометри. Тоа е всушност МНТ, иако сите модули ги задржуваат своите функции во неговиот состав. МНТ после интравенозното вбризгување се акумулира првенствено во туморните клетки и тоа директно во нивните јадра. Освен тоа, овие транспортери се ниско токсични и воопшто не се имуногени.

Благодарение на ова, лековите за лекување на рак, дистрибуирани на овој начин во канцерогените клетки, се покажуваат и до 1000 до 3000 пати поефикасни

Во моментот се завршуваат докклиничките испитувања на МНТ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња