Вицепремиерот на Русија, Димитриј Рогозин, одлучи да го замено службеното возило БМВ, со теренецот ГАЗ-2330 „Тигар“. Одлуката на Рогозин од странски автомобил да премине на автомобил од домашната авто-индустрија, срдечно беше поздравена од неговите колеги. 

Изработката на „Тигар“ веќе е во тек. Од групацијата ГАЗ, изјавуваат дека тоа ќе биде стандарден теренец со пет врати, ВИП опрема и повисоко ниво на комфорт. „Тигарот“ на вицепремиерот е прв примерок на цивилна варијанта на теренецот, кој првенствено е правен за воени цели.