Путин помеѓу тројцата највлијателни во светот

Обама, Меркел и Путин - тоа се највлијателните светски имиња

Списанието Форбс го смести претседателот Владимир Путин на третото место на листата на највлијателните луѓе во светот.

Првото место на листата, веќе втора година по ред, го држи американскиот претседател Барак Обама. Второто место го зазема германската канцеларка Ангела Меркел. 

Рускиот премиер Димитриј Медведев го зазеде 61 место на листата. Третиот Русин на листата е бизнисменот Алишер Усманов, кој се наоѓа на 67 место. Последен на листата е менаџерот на Гаспром, Алексеј Милер.

На листата за највлијателни луѓе за 2012 година се најдоа вкупно 71 личност. При составувањето на листата се проценуваше степенот на влијанието на личноста на светските настани, разместени во четири категории: влијание врз животите на луѓето, финансиските ресурси кои се извор на контрола, влијанието во разните животни сфери, но и тоа колку активно кандидатите ја користат својата власт и моќ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња