Чуркин: Хашкиот трибубал не е ниту праведен, ниту ефикасен - туку само арогантен

Ослободителните пресуди на Хашкиот трибунал за хрватските и косовските воени злосторници, за Русија се дискредицатија на правото

Ослободителните пресуди на Меѓународниот кривичен суд за бивша Југославија, во случаите за косовските и хрватските воени злосторници ја „дискредитира идејата на меѓународното кривично правосудство“. Ова го изјави постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин во својот говор во Советот за безбедност.

„Меѓународниот кривичен суд за бивша Југославија во своето работење не покажува ниту праведност, ниту ефикасност, туку само ароганција“, истакна дипломатот, кој особено остро го критикуваше ослободувањето на бившиот „премиер на Косово“, Рамуш Харанидај.

Пред две недели судот ги ослободи и хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, на кои претходно им беа одредени 24 и 18 години затвор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.