Руската војска во 2013 година ќе изведе над 60 заеднички воени вежби со вооружените сили на други земји

Русија ја зајакнува воената соработка со други земји

Руската војска во следната година ќе изведе над 60 заеднички воени вежби со вооружените сили на други земји. Така е соопштено од дирекцијата на службата за информирање и односи со јавноста при Министерството за одбрана. „Главните напори ќе бидат насочени кон зајакнување на воената соработка со земјите-членки на Заедницата на независни држави, Организацијата за колективна безбедност и соработка и Шангајската организација за соработка“, кажано е во министерството.

Освен тоа, во рамките на воените окрузи се планираат над 100 командно-штапски и тактички вежби кои ќе се изведуваат како комбинирани вежби. Едно од најважните случувања ќе биде заедничката стратешка вежба на вооружените сили на Русија и Белорусија - „Запад-2013“. 

Во 2013 година ќе дојде до интензивирање на припремите во областа на борбената обука и управувањето со борбени возила. Вежбите ќе се одржуваат 2-3 пати неделно, при што најмалку 50% од нив ќе се изведуваат ноќе.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња