Русија не ја вознемирува можното лансирање на севернокорејската ракета

Русија не гледа опасност во лансирањето на севернокорејската ракета

Можното лансирање на севернокорејската ракета не ја загрижува Москва, се додека истата не полета накај Русија. Ова го изјави шефот на администрацијата на претседателот на Руската Федерација, Сергеј Иванов.

Претходно медиумите соопштија дека Северна Кореја ги запре припремите за лансирање на ракетата со сателит, кое беше планирано во периодот меѓу 10 и 22 декември. Министерството за надворешни работи на Руската Федерација апелираше Пјонгјанг да се откаже од лансирањето.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња