Жителите на Волгоград ги преплави бран од незадоволство поради одлуката на градските власти да распишат конкурс „за избор на туристички бренд и слоган“, а со самото тоа - да најдат замена за скулптурата на Мајката Татковина.
Според условите на конкурсот, на 19 октомври требало да бидат објавени резултатите, но тоа не се случило, бидејќи на конкурсот не пристигнала ниту една пријава.
„Ваквата потрага по нов бренд е јалова и бескорисна работа, бидејќи за нас не постои и не може да постои нешто позначајно од Сталинградската битка и нејзиниот симбол - Мајката Татковина“, изјави в.д. началникот на волгоградската администрација - Владимир Собакар.
Со него се согласува и директорката на покраинската Агенција за развој на туризмот, Маја Власова: „Како што сите го поврзуваат Париз со Ајфеловата кула, без разлика што во него постојат и Лувр, Елисејските полиња, Триумфалната капија, така и Волгоград сите го поврзуваат со скулптурата на Мајката Татковина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче