„Металург Магнитогорск“ - една од најпознатите екипи во Континенталната хокеарска лига (КХЛ)

Хокејот - еден од спортовите со кој Русите најмногу се гордеат

Слајдовите ги подготви: Владимир Стахејев. Фотографии: Рикардо Маркина Монтањана.

„Металург Магнитогорск“ е професионална хокеарска екипа од рускиот град Магнитогорск во Чељабинската област. Екипата е основана во 1955 година, и до денес освоила бројни трофеи. Хокеарите од „Металург“ два пати се шампиони во Евролигата - во 1999 и 2000, додека Купот на Европа го освоија во 2008 година.

После штрајкот на играчите во НХЛ, неколку хокеари од оваа американско-канадска лига дојдоа во „Металург“. Меѓу нив е најпознатиот Евгениј Малкин, а тука се и истакнатите играчи како Сергеј Гончар и Николај Кулемин. За „Металург“ настапуваат и четири хокеари од странство, а тренери се Канаѓани и Американци.

Овој пат „Металург“ изгуби со 2:5 од „Авангард“ од сибирскиот град Омск, уште една позната екипа од КХЛ. И покрај поразот, 7.500 навивачи во „Магнитогорската арена“ ја вжештија атмосферата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња