Законот со кој емигрантите се обврзуваат да го познаваат рускиот јазик стапи на сила на 1 декември. Според овој закон, странските државјани ќе мораат да докажат дека го владеат рускиот јазик барем на основно ниво.
Оваа обврска се однесува на доселениците кои сакаат да работат во сферата на комуналните услуги, малопродажбата или услужните дејности. Потврдата за познавање на јазикот ќе биде потребна за добивање дозвола за работа во Русија, но и за нејзино продолжување.
Овој закон не се однесува на државјаните на тие земји во кои рускиот јазик е официјален јазик, односно на државјаните на Белорусија и Јужна Осетија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче