Параолимписки скок на Русија

Руските параолимпијци станаа и шампиони на лондонскиот натпревар во фудбал,победувајќи ја во крајниот меч репрезентацијата на Украина. Претседателот Владимир Путин со Националниот параолимписки тим на Русија понивното враќање во Москва. Извор: Reuter

Руските параолимпијци станаа и шампиони на лондонскиот натпревар во фудбал,победувајќи ја во крајниот меч репрезентацијата на Украина. Претседателот Владимир Путин со Националниот параолимписки тим на Русија понивното враќање во Москва. Извор: Reuter

Во Лондон се завршени Параолимписките игри 2012, на кои руската екипа го зазеде второто место според вкупниот пласман. Овојпат Русија освои двапати повеќе златни игри одошто на минатата Параилимпијада. Во последниот ден од натпреварите, руските фудбалери освоија злато, победувајќи ги во финишот Украинците.

Непол месец по затворањето на Олимписките игри во Лондон, завршени се инатпреварувањата на параолимпијците. За четири години, колку што помина од Параолимпијадата во Пекинг, руските спортисти остварија неверојатен напредок,освојувајќи речиси двојно повеќе награди. Точно двојно повеќе златни награди (36 во Лондон, 18 во Пекинг), што ѝ овозможи на Русија да го заземе второто место во вкупниот пласман. Според вкупниот број на сите медали, руските спортисти им гопрепуштија второто место на домаќините, кои освоија 120 медали. Првото место споредсите показатели, како и порано, го зазедоа Кинезите, кои и овојпат покажаа фантастичен резултат: 95 златни, 71 сребрена и 65 бронзени медали.

„Наспроти Параолимписките игри не ветувавме златни медали, само себеси си поставивмецел да направиме чекор напред‘‘, вели Владимир Лукин, претседател на Параолимпискиоткомитет на Русија. „По претходните Игри во Пекинг решивме да се потрудиме да дојдемена самиот врв на параолимписките игри. И ја постигнавме таа цел. А, секако, направивмеи чекор напред.‘‘

Руската пливачка Оксана Савченко стана петкратна шампионка, поведувајќи во тркитена 50 метри краул, 100 метри грбно, 200 метри мешано, 100 метри краул и 400 метри заслабовидни. Треба да се нагласи дека во сиве овие дисциплина 21-годишната Русинка постави нов светски рекорд.

Сега во својата колекција има вкупно осум златни медали, зашто три веќе има освоено во Пекинг.

Во период од четири години, колку што помина од Параолимпијадата во Пекинг, рускитеспортисти остварија неверојатен напредок, освојувајќи речиси двојно повеќе награди.

„Во основа настапувавме успешно и тоа е знак дека нашата долгогодишна работа носи резултати.‘‘

Носителот на знамето на руската репрезентација, атлетичарот Алексеј Ашапатов, станашампион во фрлање диск и во фрлање ѓуле од количка. Двократниот шампион од Пекинг 2008, освои златен медал во фрлање диск, поставувајќи нов светски рекорд – 60.72м. Русинот во натпреварувањето освои вкупно 1043 поену, што беше недостижно заЧехот Ростислав Полман, кој го освои среброто. Во фрлање ѓуле Ашапатов постави новпараолимписки рекорд од 16.20 м. – половина метар повеќе од Полјакот Јануш Рокитски.

Ашапатов уште еднаш го покажа својот феноменален спортски дух. Ја изгубил ногата поповредата во 2002, но не престана да се занимава со спорт – стана мајстор на спортот на Русија во седечка одбојка, мајстор на спортот на Русија од меѓународна класа во спортскотуркање со рака и заслужен мајстор на спортот на Русија во атлетика.

Две медали освои и атлетичарот Фјодор Триколич. Русинот победи во трката на 100 метриза слепи, постигнувајќи најдобар резултат во кариерата од 10.81 секунда. Претходно бешевтор во трката на 200 метри, во која исто така постави личен рекорд од 21.81 секунда. Овој медал беше стоти во колекцијата на репрезентацијата на Русија на Параолимпијадата 2012.

Ниту една страна не попушташе, иницијативата ја преземаше час едниот, час другиоттим. Натпреварот беше решен со еден погодок, кој пред самиот крај на полувремето гопостигна Едуард Рамонов. Треба да се истакне дека Русите на патот кон златото покажааизвонредна игра и ги победија своите противници. Во групната фаза, екипата ја „згази‘‘ Аргентина со 8:0, а потоа со истиот резултат и Холандија, за во полуфиналето да гипобедат Бразилците со 3:1.

„Во основа настапувавме успешно и тоа е знак дека нашата долгогодишна работа носи резултати‘‘, рече претседателот на Параолимпискиот комитет на Русија. „А, резултатитевелат дека сме на добар пат. Но, нашата главна задача не е освојување медали, туку користта што од тоа ја има нашата земја и луѓето што живеат во Русија.‘‘

Лукин нагласи дека Русија и покрај големиот скок, нема намера да запира во својотнапредок. „Имаме и силни, но и слаби страни‘‘, подвлече тој. „Добри сме во пливањеи во атлетика, но сега мажите за првпат покажаа одличен резултат во стрелаштво. Но,постојат дисциплини во кои тукушто почнавме да се развиваме, затоа и настапуваме наПараолимпијадата во 12 од вкупно 20 дисциплини.‘‘

Секако, денес не е едноставно да се натпреваруваш со Кина. Нејзината надмоќ во овојмомент делува навистина импозантно. Но, секако нѐ радува напредокот на Русија. А,скокот што беше остварен во Лондон, како и искачувањето на самиот врв во спортот, гиобврзува одговорните и им влева доверба на спортистите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.