Празник на медот во Алтајскиот крај

Извор: PhotoXPress.

Извор: PhotoXPress.

Во градот Барнаул во Алтајскиот крај се одбележува празникот на медот, посветен на новиот принос на оваа сладост. Имаш мед за сечиј вкус: од липа, од врба, багремов, а исто така и од хељда или од ждралка, или со додаток од семе од кедар и јаребика.

За време на фестивалот „Медениј спас“, кој ќе трае до 25 август, гостите ќе можат да пробаат и да купат различни сладости, но и да се запознаат со процесот на добивање на овој „златен‘‘ производ. На изложбениот простор посетителите на саемот ќе можат да го следат животот на пчелите, а секој ќе има можност да исцеди мед од дрвена рамка, извадена од кошница и да го оцени вкусот на добиениот производ. За децата има обезбедено специјален простор за натпревари, а за учесниците се обезбедени и награди.

Алтајскиот крај е прв во Сибир по производството на мед. Во 6000 пчеларници секоја годна се собираат и по 6 тони од овој ароматичен производ. 

Централен настан на „Медениј спас“ е дегустацијата на уникатниот алтајски мед и пчеларските производи од годинешната реколта. Медот може да се проба и да се оцени на специјалната експозиција „Народно признание‘‘. Посетителите, по пат на гласање, ќе го изберат најдобриот мед за оваа година.

Алтајскиот мед е еден од двата најпознати регионални бренда на Русија, заедно со башкирскиот. Своите особености природниот алтајски мед им ги должи на уникатната клима на овој јужносибирски регион, како и на древната пчеларска традиција.

Од недопрената и уникатна природа на Алтај се добива уникатен квалитетен мед. Извор: Lori / Legion Media.

Поради разновидноста на релјефот во Алтајскиот регион, каде сочните ливади се наоѓаат меѓу сувите степи, високите планини и недопрените шуми, алтајските пчелари добиваат разни сорти мед. Најпопуларни видови се ливадскиот и планинскиот мед, како и медот од тајгите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња