На фестивалот се прикажани фотографии кои странците ги направиле во Русија, како и оние што граѓаните на Русија ги направиле во странство. Дел од фотографиите, според традицијата, ќе бидат вметнати во електронскиот фонд на Претседателската библиотека и ќе бидат објавени во победничкиот албум.
Мотото на натпреварот оваа година е „Државата вчера, денес и утре‘‘. Победници се избираат во осум номинации: „Земји и лица‘‘, „Народи и традиции‘‘, „Интеракција на културите‘‘, „Современи технологии‘‘, „Од длабочините на историјата‘‘, „Најдобра серија фотографии‘‘. Со оглед на тоа дека оваа година е вкрстено Година на Германија во Русија и Година на Русија во Германија, воведена е и посебна номинација „Германија во очите на Русите, Русија во очите на Германците‘‘. Фотографиите на вработените во библиотеката се оценуваат во посебна номинација.
Секој што сака да учествува во натпреварот треба да се регистрира на сајтот на Претседателската билиотека www.prlib.ru и да ги постави своите фотографии на сајтот со помош на специјален интерфејс.
Фотографиите се примаат до 9 октомври 2012 година, а во ноември ќе бидат објавени резултатите и ќе бидат доделени награди.
Првиот меѓународен фестивал на фотографии на Претседателската библиотека „Во очите на странецот‘‘ / „Foreign View“ беше одржан во 2010 година. Досега на фестивалот свое учество имаат земено претставници на околу 30 држави.
Партнери на фестивалот се Санктпетербуршкиот државен универзитет и Рускиот туристички сојуз. Информациски партнери на фестивалот се Russia Beyond the Headlines, „Росијскаја газета“, LiveJournal, The St. Petersburg Times.
Стратешки партнер на Претседателската библиотека е „Внешекономбанк“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.